(Бытие) ЗА НАС

Ние сме НОЌНИ ВОЛЦИ.
Нашиот клуб, е прв клуб оформен на крајот од 80-тите на пространството на СССР. Тој се стекна со светски углед, како најголем, најјак и независен КЛУБ СО СОПСТВЕН ИЗГЛЕД И ТРАДИЦИЈА.
 
Моторциклот за нас е симбол на слободата, а нашиот Амблем е симбол на Сеќавања, Верност и Чест.

Од своето постоење Клубот се темели на православните корени и ја почитува историјата на својата земја. Нашиот клуб во себе го носи Рускиот дух на непобедливоста и патриотизмот како одлика на сите луѓе во него. Преку нашето несебично братство ја гледаме можноста за обединување на целото словенското општество.

Ние Ноќните Волци сме горди на своето неизвалкано минато и на своето име.
Ние никогаш не тргуваме со своите принципи, не ги напуштаме своите пријатели, ниту  ги менуваме нашите обележја со некои  туѓи.
Ние создаваме нова и поинаква мото-култура во нашата држава.
Го одбравме најдоброто од светот на моторџиите, за да се спаси нивниот образ и независност покрај сите ѓаволски искушенија кои доаѓаат од широко распространети мото-клубови по западот. Собравме една цела генерација на млади луѓе за да стане пример на цврстина, отпор и национална гордост.
Во текот на своето постоење клубот се менува и расте и од ден на ден станува се помудар и посилен. Сме правеле и грешки, сме преживувале тешки моменти и медитации, сме биле во разни искушенија, но не жалиме, зашто тоа не направи цврсти како челик.
Не има нашироко од Сахалин до Скопје, не има затоа што не го запревме нашиот развој и зашто останавме верни на самите себе. Ние-наше, Ние-свое, со сите предности и недостатоци.
Ние сме такви какви што сме, такви сме секогаш и затоа сме одбрани. 

Ние ги отфрламе сите пишани и непишани човечки закони, усмерени кон лишувањето на човекот од нему својствените исконски Слободи, но се трудиме да живееме по законите и заповедите, кои ни се оставени од нашите мудри Претци. Дали ќе успееме или не – не можеме да судиме ниту ние ниту било кој друг.
Не се мешаме во за нас непознати области, не се занимаваме со туѓи работи, живееме сопствен, за нас драгоцен живот, и не сакаме во него да ги пуштиме оние кои не ги гледаме како наши Браќа или Пријатели. Тоа е наш живот. Да ли тоа правилно или не – тоа е наше.
Горди сме на нашиот Амблем и Знаме и се радуваме што стоиме раме до раме со нашите Браќа.

мото клубот НОЌНИ ВОЛЦИ е нашето семејство, докажано како такво во текот на годините на своето постоење и во радосни и во тешки моменти. Ние сме Братство на луѓе кои имаат иста филозофија, кои живеат со исти принципи и ист морал. Чопорот е нашата стихија. Волчи чопор-Волчја сила. Не го носиме залудно на себе со години нашиот Амблем, кој што од нас никој нема да може да го одземе ни на овој, ни на оној свет.
И покрај тоа што некој на нас лепи разни етикети и не озборува, треба да се знае дека ние не одобруваме никакви шовинистички и екстремни движења и цврсто стоиме на својата граѓанска позиција, која не се срамиме да ја искажеме во дадена ситуација. Ние комуницираме и се дружиме со луѓе со кои сакаме да разговараме. Луѓето никогаш не ги гледаме по дебелинтата на нивниот паричник или пак по нивниот социјален статус. Нас ни е важен Човекот и нашата взаемна пред се духовна сличност. Ние имаме многу Браќа и Пријатели кои ги сакаме и кои никогаш нема да ги напуштиме и изневериме.

НОЌНИ ВОЛЦИ се пронаоѓаат себе си како Браќа и Пријатели, а луѓето кои ги имаат истите гледишта, сами ни пронаоѓаат нас. Се е, во суштина, многу едноставно. Нас не ни е потребен квантитет, ние сме во потрага по квалитетот кој го пронаоѓаме и покрај препреките, кои како демони се испречуваат на нашиот Пат.
Ние секогаш отворено ги декларираме своите принципи, па и во однос на луѓето кои не можат да бидат НОЌНИ ВОЛЦИ. Без намера некого да дискриминираме , навредиме или сожалуваме, во нашето семејство не може да има наркоман, наркодилер, педер, педофил и човек кој прави дела или со себе носи идеи и симболи на злото и сатанизмот. Таквите луѓе не се за нашиот пат.

Нема смисол да ни приоѓате од материјална корист, слава и личен интерес, првенствено заради тоа што тоа кај нас и го нема, ние единствено имаме Совест и Долг спрема своето Братство, спрема своето семејство,својот Мотоклуб. Нашата предност ја гледаме во нашиот начин на живеење. Среќни сме, што Судбината не собира заедно, по наше мислење, само најдобрите луѓе.

Никогаш и никому НОЌНИ-те ВОЛЦИ не му го наметнале својот начин на живеење, своите цели и вредности.
Самите ние меѓусебе сме различни, по возраст , по материјален и социјален статус, во физичкиот изглед, но ние сме – Чопор, и како што во дивината волчиот чопор ја применува својата сила, секој Волк од нашиот Чопор пронаоѓа примена на своите способности, било да е талентиран бравар, или вешт финансиски работник. Ние сме како еден организам, еден човек – со раце, глава, и срце. Во тоа е нашата Сила.

Ние без сомнение создаваме за нас уникатно Братство, кое ќе постои и тогаш кога на овој Свет ќе не снема нас-денешните НОЌНИ ВОЛЦИ. Ние воспитуваме наше потомство, во чии спремни и оспособени раце , ум и сила ќе го предадеме цело наше акумулирано и тешко стекнато искуство.

......Господ е со нас!